Мини-турнеја на Два пати Мери

Интердисциплинарниот перформанс Два пати Мери патува низ Македонија, со верзија 3 - перспективата на Марко. Гостуваме во Прилеп, Штип, Куманово и Кичево, и тоа на следниве датуми:

15.04.2024 - Прилеп - НУЦК Марко Цепенков Прилеп

18.04.2024 - Штип - ОУК Дом на Млади Штип

20.04.2024 - Куманово - НУЦК Трајко Прокопиев Куманово

22.04.2024 - Кичево - НУЦК Кочо Рацин Кичево

Два пати Мери е интердисциплинарен перформанс кој низ изложба на фотографии, видео, театар и поезија ја раскажува приказната на Мери и Марко, двајца обични луѓе. Можеби ги познавате? Можеби се вашите роднини? Или вашите соседи?
Перформансот ја обработува темата на семејно насилство, и ги бара корените на насилството во детството но и во традицијата. Перформансот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка преку СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан.


Билетите се по цена од 200 денари, и може да се набават на врата пред почеток на претставата.

Резервации на contact@skoro.mk или во порака на профилите на Скоро Театар на Facebook или Instagram

Игра на сцена:
Виктор Бужаров
Играат на платно:
Виктор Бужаров
Иф Атанасова
Матеа Јанковска
Никола Ристески

Текст:
Натали Спасова
Поезија:
Иф Атанасова
Музика:
Александар Бошков
Фото изложба:
Филип Куновски