Прва љубов во розевата улица - Натали Спасова
300,00 ден
10 на залиха
Опис
„Прва љубов во Розевата улица“ на Натали Спасова (1989) е роман кој ѝ е наменет првенствено на тинејџерската читателска популација.
Овој прв роман на Спасова, иако напишан кога таа имала само 13 години, според промоторот Горјан Петревски, тој е напишан на "мошне инвентивно и на исклучително високо естетско ниво. И покрај тоа што делото е напишано уште на нејзината 13-годишна возраст, тоа остава впечаток дека е создадено од перо на искусен и голем мајстор на прозата за млади, а самото објавување е од посебно значење и за македонската литература затоа што во неа со ова дело влезе како ретко талентиран млад автор."
Овој роман брзо стана хит кај младите читатели и во многу училишта се обработува како лектирна книга по избор на наставниците.
Издавач: Македонска Реч
