Крај Огнот е интердисциплинарен проект делумно финансиран од Министерство за култура на С. Македонија, со премиера во Скопје во Октомври 2023 година
Перформансот вклучува актери и музичари од повеќе словенски држави и беше изведуван на меѓусловенски јазик.
Перформансот има за цел да го истражи, презервира и преработи македонското културно наследсво од областа на словенската митологија и да го стави рамо до рамо со културните наследства од словенската митологија во Србија, Чешка и Полска со крајна цел пронаоѓање на сличности и разлики врз база на кои ќе се креира ново парче уметност. Во перформансот се говори на вкупно пет јазици: Македонски, Српски, Чешки, Полски, како и на конструираниот Интерславик/Меѓусловенски јазик.
Цел на проектот не е репродукција на собраните приказни и легенди врз база на митолошка призма, туку напротив истите да бидат ставени под лупа на денешното време и преработени да говорат на теми сеуште важни денес, само изговорени од устите на боговите како Перун, Велес, Триглав, Дабог. Теми кои се и до денес универзални: пријателство, братство, насилништво, предавство, грев, чест, добро, зло и други.
Покрај културната размена, овој проект има за цел да обединува и зближува во ова време на се поголеми поделби. Иако во овој конкретен проект зближувањето се случува врз база на сличностите на словенските јазици и митологии, целокупниот проект говори за една поголема потреба за запознавање и обединување, која излегува од рамките на славјанството, престапувајќи во потреба од универзално, интернационално значење.